Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако американската војска соопшти дека нејзините сили пресретнале „неиспровоцирани ирански напади“ и одговориле со напади за самоодбрана врз местата за лансирање ракети во Иран.

„Три американски разорувачи успешно поминаа низ Ормускиот теснец под оган. Немаше штета на трите разорувачи, но иранските напаѓачи претрпеа голема штета. Тие беа целосно уништени, заедно со бројни мали бродови со кои се обидуваат да ја заменат својата целосно десеткувана морнарица. Овие бродови беа брзо и ефикасно потонати.

Нашите разорувачи беа нападнати со ракети, но лесно беа соборени. Исто така, се појавија беспилотни летала и изгореа во воздух. Тие паднаа во океанот прекрасно, како пеперутка што паѓа во својот гроб! Нормална земја би им дозволила на овие разорувачи да поминат, но Иран не е нормална земја. Ја водат ЛУДИ луѓе и, ако имаа можност да користат нуклеарно оружје, тоа би го направиле без сомнение.

Но, тие никогаш нема да ја добијат таа шанса и, исто како што повторно ги победивме, ќе ги удриме уште посилно и многу посилно во иднина ако наскоро не го потпишат договорот! Нашите три разорувачи, со нивните одлични екипажи, сега повторно ќе се приклучат на нашата поморска блокада, која е навистина „ѕид од челик“, напиша Трамп на Truth Social.

Текстот Трамп: Нормална земја би дозволила разорувачи да поминат, но Иран е управуван од лудаци е превземен од МАКФАКС.