Актерката Гвинет Палтроу предизвика жестока дебата на социјалните мрежи откако во подкаст ги критикуваше „супербогатите белци“ од Силиконската долина, алудирајќи на технолошки моќници како Марк Закерберг.
Во разговор со новинарката Кара Свишер во поткастот The Goop Podcast, Палтроу праша како општеството дошло до точка во која „ништо друго не е важно освен супербогатите луѓе кои ги кршат правилата и сами ги пишуваат“.
Свишер одговорила дека денешната култура ги „идолизира богатството и иноваторите“, додавајќи дека многу од тие иновации биле финансирани од американската јавност.
Изјавите предизвикаа лавина реакции, а многумина посочија дека токму Палтроу, чие богатство се проценува на околу 200 милиони долари, тешко може да биде симбол на критика кон елитата.
„Кога Гвинет Палтроу зборува за супербогати белци, звучи малку смешно“, напишал еден корисник, додека други потсетија дека нејзиниот бренд Goop
се темели на луксуз и скапи производи.
Сепак, дел од обожавателите ја поддржаа актерката, оценувајќи дека е важно јавни личности да отвораат теми за нееднаквоста и влијанието на богатите врз општеството.
Текстот „Супербогати белци ги пишуваат правилата“: Гвинет Палтроу предизвика бура на мрежите е превземен од МАКФАКС.























