Северна Кореја не е обврзана со никаков договор за неширење на нуклеарно оружје, соопшти државната новинска агенција КЦНА доцна вчера.
Ким Сонг, постојан претставник на Северна Кореја во Обединетите нации, изјави во соопштение дека САД и другите земји „ја нарушуваат атмосферата“ на 11-тата Конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје во седиштето на ОН, споменувајќи го нуклеарното оружје на Северна Кореја, според агенцијата.
Позицијата на Северна Кореја како држава со нуклеарно оружје „не се менува во согласност со реторичките тврдења или едностраните желби на надворешни лица“, рече Ким.
Пјонгјанг се повлече од договорот во 2003 година
Пјонгјанг се приклучи на договорот во 1985 година, но во 2003 година објави дека се повлекува од него.
Северна Кореја го спроведе својот прв нуклеарен тест, под земја, во 2006 година. Експертите проценуваат дека Северна Кореја поседува десетици нуклеарни боеви глави, и покрај меѓународните санкции, и тврдат дека овој арсенал е неопходно средство за одвраќање од она што го смета за воена закана од САД и нивните сојузници, пренесува АФП.
Официјален Пјонгјанг постојано изјавува дека никогаш нема да се откаже од своето нуклеарно оружје и се прогласи за „неповратна“ нуклеарна сила.
Текстот Северна Кореја: Не сме обврзани со никаков договор за неширење нуклеарно оружје е превземен од МАКФАКС.























