Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, влезе во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк и присуствуваше на Мет Гала, но исто така доби шанса конечно да покаже некое модно издание достојно за пофалба.

Се чини дека тој ден сè уште не дошол, ако ги прашате критичарите на социјалните мрежи…

Нејзината сино-зелена креација беше комплетирана со проѕирен вел со чипкани цветови, кои, во комбинација со корсетот, даваа впечаток дека инспирацијата се движи помеѓу црквата и свадбата.

Сè премногу потсетуваше на луксузната свадбена церемонија што Георгина толку многу ја посакува, па коментарите набрзо станаа немилосрдни. А тука беше и нејзиниот скап веренички прстен кој го одвлекуваше вниманието од сè друго.

„Помеѓу скромен верник и амбициозна невеста“, „Ова не е свадба“, „Таа навистина не е за Мет Гала“, „Уште колку шанси треба да ѝ се дадат“, „Важно е што ги истакна градите“, „Не припаѓаш тука, оди си дома“, беа само некои од коментарите.

Текстот (Фото/Видео) Георгина повторно ги разбесни критичарите со својот стајлинг: „Не ти е местото тука, оди си дома“ е превземен од МАКФАКС.