СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и О.Ф.(43) од Охрид, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.

Во текот на 2024 и 2025 година, второпријавениот, свесно и со намера да прибави имотна корист, фалсификувал и прикажувал лажно одобрение за градење од општина Охрид за надградба на станбена зграда и се рекламирал преку свој профил на веб страна за продажба, каде што имал огласи за продажба на станови, за што земал пари од повеќе лица.

Текстот Охриѓанец земал пари за продажба на станови а имал лажно одобрение за градба е превземен од МАКФАКС.