Плус-сајз моделот Ешли Греам проговори за зголемената употреба на популарни лекови за слабеење во неодамнешно интервју за Marie Claire. Речиси и да нема човек во Холивуд кој не ги пробал, а има и такви кои отворено зборувале за своите искуства.

Ешли е горда на својот изглед и сè што е поврзано со овој нов тренд го смета за доста обесхрабрувачко.

„Како некое време сè да одеше во насока на прифаќање. Акцентот беше на тоа секој да има право да биде тоа што е и да се чувствува добро во сопствената кожа. А сега оди во спротивна насока, што е како шлаканица за жените кои чувствуваа дека конечно имаат глас“, рече Ешли.

Сепак, моделот се надева дека ова е само минлив тренд, како сè што се појавило претходно, и дека лековите за слабеење не можат да ги избришат плус-сајз жените.

Ешли Греам никогаш не криела дека ѝ требало долго време да го засака и да се навикне на своето тело, особено по три породувања.

„Живеам во различно тело и ми требаше долго време да го запознаам. Не можам да кажам дека мојата прва мисла кога ќе се погледнам во огледало е „Те сакам“. Но, се обидувам да го прифатам фактот дека повеќе нема да изгледам како жена во моите дваесетти години. Таа жена е минато“, беше искрена Ешли.

Текстот Ешли Греам за зголемената употреба на лековите за слабеење: Живеам во различно тело и ми требаше долго време да го запознаам е превземен од МАКФАКС.