Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати издаде предупредување за потенцијална ракетна закана и ги повика граѓаните да побараат засолниште.

„Поради моменталната ситуација, потенцијалните ракетни закани, веднаш побарајте безбедно место во најблиската обезбедена зграда, држете се подалеку од прозорци, врати и отворени простори. Почекајте дополнителни инструкции“, се наведува во известувањето испратено до граѓаните на Дубаи преку СМС-порака, објавува „Галф њуз“.

Порано денес, Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран дека користел дронови за напад врз празен танкер за сурова нафта во сопственост на државната нафтена компанија Абу Даби, додека се обидувал да помине низ Ормускиот теснец.

Единицата за логистика на морска енергија на Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC) објави дека танкерот со име „Барака“ бил празен кога бил нападнат од два дрона и дека нема повредени, објавува Ројтерс.

Иран ги блокирал повеќето неирански бродови да влегуваат и излегуваат од Персискиот Залив откако САД и Израел почнаа да го напаѓаат. Техеран се закани дека ќе нападне неовластени бродови додека минуваат низ теснецот, низ кој се транспортираат околу една петтина од светските пратки со нафта и гас, потсетува агенцијата, пренесува Танјуг.

Текстот Жителите на Дубаи повикани во засолништа поради ракетна закана е превземен од МАКФАКС.