Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција нема да учествува во каква било американска мисија во Ормускиот Теснец, иако ја поздрави најавената помош од САД за бродовите блокирани во клучниот поморски правец.
„Нема да учествуваме во какви било насилни операции, особено затоа што рамката за тоа не ни е јасна“, изјави Макрон во Ереван.
Тој додаде дека Франција и Обединетото Кралство веќе работат на меѓународна коалиција за неутрално поморско распоредување во теснецот.
Макрон порача дека долгорочно решение е координирано повторно отворање на Ормутскиот Теснец преку договор меѓу Иран и САД.
Текстот Макрон: Франција нема да учествува во американска мисија во Ормутскиот Теснец е превземен од МАКФАКС.























