Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“.
„Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар „BOZAR“ претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст. Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.
Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика. Манифестацијата е организирана и поддржана од страна на Министерството за култура.
Текстот Националниот џез оркестар во Брисел на „Денови на македонската култура“ е превземен од МАКФАКС.























