Бредли Купер и Ирина Шајк по скоро две години, вчера биле видени заедно во автомобил во Њујорк, пишува „Daily Mail“.

35-годишниот супермодел најпрво била забележана како се шета по улиците на Њујорк, а подоцна будното око на папараците ја фатило како влегува во автомобил зад чиј волан бил 46-годишниот актер.

Ова е прв пат Купер и Шајк да бидат фотографирани заедно во јавноста, по скоро две години откако во 2019 година официјално се разделија, па затоа многумина на социјалните мрежи почнаа да шпекулираат дека тие се смириле.

Иако ставија крај на нивната романтична врска, сепак парот останува посветен на ко-родителството на нивната тригодишна ќерка Лиа.

Profimedia
Profimedia

Извор близок до Шајк и Купер за „Entertainment Tonight“ неодамна изјави дека тие останале во добри пријателски односи затоа што нивниот приоритет во моментот е нивната ќерка Лиа и го сакаат најдоброто за неа.