Пет лица се приведени во одделни случаи на семејно насилство регистрирани во Куманово, Охрид, струмичко и Велес, информираат од МВР.
Во Куманово, на 1 мај во 21:00 часот бил приведен М.С. (35), кој според пријавата физички ги нападнал својата 31-годишна сопруга и двете малолетни деца. Истиот ден во 23:40 часот бил приведен и М.Д. (57) од Куманово, осомничен дека физички ја нападнал својата 28-годишна ќерка.
Во Охрид, на булеварот „Македонски Просветители“, бил лишен од слобода И.К. (48) од Љубљана, Република Словенија, по пријава дека во стан во градот физички ја нападнал својата сопруга по вербална расправија.
Во струмичко село, полицијата привела 36-годишен жител поради агресивно однесување кон неговата 65-годишна мајка.
Во Велес, пак, бил лишен од слобода 23-годишен велешанец, по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 24-годишна сестра.
По целосно документирање на сите случаи, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Текстот Бран апсења за семејно насилство: Приведени пет лица во Куманово, Охрид, Струмица и Велес е превземен од МАКФАКС.























