Министерот за здравство, Азир Алиу, реагираше на критиките на албанската опозиција, истакнувајќи дека разликата меѓу владата и опозицијата е во пристапот кон системот. Според него, опозицијата го гледа системот како средство за власт, додека владата има за цел реформи во функција на граѓаните.

„Разликата меѓу нас и нив е многу едноставна: тие го менаџираат системот за власт, додека ние го реформираме системот за граѓаните“, изјави Алиу, отфрлајќи ги тврдењата за поделби и нагласувајќи дека политичките структури се консолидирани.

Во однос на албанскиот јазик, тој истакна дека целта е тој да не остане само декларативен, туку да стане функционален преку нов систем. Додека за соодветната застапеност, Алиу го критикуваше постојниот механизам на балансерот, оценувајќи го како манипулативен и најави нов модел базиран на мерит систем и транспарентност.

Во врска со интеграцијата во Европската Унија и уставните измени, министерот нагласи дека процесот бара широк политички консензус. „Уставот не се менува со телевизиски слогани, туку со реално мнозинство и консензус“, изјави Алиу во својата изјава дадена за Радио Дугаѓини, додавајќи дека политичката стабилизација во Бугарија може да помогне во забрзување на процесот.