Претседателот на Русија, Владимир Путин, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска во Санкт Петербург се сретнаа со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.

Путин рече дека Русија се надева дека иранскиот народ ќе го надмине „тешкиот период“, како што самиот го опиша, и дека мирот на крајот ќе владее во земјата. Државната новинска агенција РИА ја пренесува неговата изјава дека Русија ќе направи сè во интерес на Иран и другите земји во регионот.

Арагчи нагласи дека Иран и Русија континуирано одржуваат тесни консултации за регионалните прашања, особено во контекст на тековната војна. Посетата на Москва е дел од поширока дипломатска активност преку која Техеран се обидува да ги координира понатамошните чекори со клучните партнери.

Тој, исто така, се осврна на односите со Оман, нагласувајќи дека двете земји, како крајбрежни држави на Ормутскиот теснец, имаат заедничка одговорност за безбедноста на пловидбата на оваа стратешки важна рута.

Арагчи додаде дека постои висок степен на согласност меѓу Иран и Оман и дека консултациите ќе продолжат на експертско ниво.

 

фото/ЕПА

Текстот (Фото/видео) Путин се сретна со иранскиот министер: „Русија ќе направи сè во интерес на Иран“ е превземен од МАКФАКС.