Во Македонски народен театар денеска започнаа пробите за новата претстава „Три сестри“, инспирирана од истоимената драма на Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ.
Станува збор за нова постановка која, според најавата на театарот, преку современ пристап ја преиспитува денешната стварност низ приказна за ликови заробени меѓу спомени, изгубени идеали и копнеж по поинаков живот.
Во претставата играат Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Благој Веселинов, Емил Рубен, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан и Антонио Ташковски.
Директорот на МНТ, Никола Кимовски, на првата проба изјави дека со особена радост започнува нов творечки процес со режисерката Витошевиќ, оценувајќи дека е формирана исклучително силна актерска и авторска екипа.
Од театарот посочуваат дека претставата отвора теми за распаѓањето на општествените вредности, емиграцијата, осаменоста и чувството на живот во постојано одложена иднина.
Текстот Во МНТ започнаа пробите за новата претстава „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ е превземен од МАКФАКС.























