Израелска армија (ИДФ) соопшти дека открила тунел, за кој тврди дека се наоѓа 25 метри под продавница за облека во градот Кијам, на југот на Либан.

Според ИДФ, станува збор за подземен команден центар на Хезболах, во кој биле пронајдени оружје и простории што, како што наведуваат, се користеле за управување со борбени активности.

Во меѓувреме, од 2 март израелските сили спроведуваат офанзива во Либан, при што, според официјални податоци, загинале околу 2300 лица, над 7500 се повредени, а повеќе од еден милион луѓе се раселени.

И покрај десетдневното примирје најавено од Доналд Трамп на 17 април, продолжуваат тензиите. Денес започнува втор круг преговори меѓу Израел и Либан во САД, додека Либан ќе побара продолжување на примирјето.

Сепак, и покрај примирјето, израелските сили вчера во јужен Либан убиле најмалку пет лица, меѓу кои и новинарката Амал Халил.

Текстот (Видео) Израел: Откривме тунел на Хезболах под продавница за облека е превземен од МАКФАКС.