Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело да се соочи со „многу непријатни изненадувања“ во областа на сајбер-безбедноста уште во 2027 година, поради брзиот развој на вештачката интелигенција.

Основачот на „Мајкрософт“ смета дека негативните последици од сè помоќните модели на вештачка интелигенција најбрзо ќе се манифестираат преку сајбер-напади.

„Ќе видиме многу непријатни изненадувања“
„Областа во која ќе видиме најдрастични промени во наредните години се сајбер-нападите“, изјави Гејтс за Си-ен-ен.

Тој објасни дека веќе постои деловен модел во кој напаѓачите ги уценуваат жртвите барајќи откуп или предизвикуваат пречки што можат дури и да влијаат врз берзите.

„Кога ќе ги споите злонамерните актери, недостатокот на ограничувања и најновите модели на вештачка интелигенција, ќе видиме многу непријатни изненадувања – особено во сајбер-просторот – во годините што доаѓаат“, рече Гејтс.

Тој не смета дека губењето на контролата е најголемиот проблем
Сепак, Гејтс не ја гледа можноста вештачката интелигенција целосно да излезе од човечка контрола како најголем проблем со кој моментално се соочува човештвото.

Според него, ќе бидат потребни уште неколку години за развојот на вештачката интелигенција да достигне ниво на кое би можела да има толку длабоко влијание врз светот.

Текстот Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè очекуваат непријатни изненадувања поради вештачката интелигенција е превземен од МАКФАКС.