„Аплаузите, восхитот и еуфоријата на СДС кон нивниот врховен лидер Заев, го засени роденденот на партијата и неговиот чирак Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Односот на лојалистите кон аболицираниот криминалец Заев, покажува дека немаат намера да се реформираат, немаат намера да расчистат со криминалот и корупцијата, туку напротив – да го штитат и оправдуваат.
Додека искреното членство на СДС кое не сака функции, бара реформи и стабилизација на некогаш државотворната партија, Филипче и Заевите лојалисти продолжуваат и натаму да ја уништуваат партијата.

Реформите во СДС треба да започнат со чистење на криминалците како Заев и Филипче“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.























