30-годишниот Рајан Фишер кој бил задолжен за шетање на кучињата на Лејди Гага во Лос Анџелес, во средата вечерта во бил застрелан четири пати, а напаѓачите ги украле нејзините два француски булдози, пишува „New York Post“.

Во средата околу 22 часот, Рајан ги шетал трите кучиња на ѕвездата Коџи, Мис Азиа и Густаво и бил застрелан во близина на неговиот дом во Западен Холивуд.

Напаѓачите ги украле двете кучиња, а третото, Мис Азија, избегало. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, Фишер бил свесен со тешки прострелни рани во градите и веднаш бил пренесен во болница.

Полицајците подоцна ја пронашле Мис Азија и ја однеле во полициската станица и ја земал еден од телохранителите на Лејди Гага.

EPA-EFE
EPA-EFE/MIKE NELSON

Имено, Лејди Гага која моментално е во Рим била толку вознемирена од настанот што понуди 500.000 американски долари за да ѝ ги вратат кучињата.

Од полицијата велат дека не е јасно дали крадците знаеле дека кучињата припаѓаат на ѕвездата, велејќи дека француските булдози честопати се мета на крадци.