Времето утре, променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Утре ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.
Текстот Утре променливо облачно со врнежи од дожд, наместа во форма на невреме е превземен од МАКФАКС.






















