Полицискиот час воведен во Албанија во рамки на анти-ковид мерките останува во истиот период како во изминатите две недели и тоа 20:00 до 06:00 часот наутро.
Ваква одлука е донесена на денешната повеќечасовна средба на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, откако е направена детална анализа на епидемолошката состојба со Ковид-19 во земјата.
Според претседателката на Комитетот на експерти, Мира Ракацоли, иако „ситуацијата продолжува да биде деликатна, бројките покажуваат дека состојбата е стабилна“.
-Мерките што беа предложени пред две недели започнаа да го даваат својот ефект, така што остануваме на истите, за поблиску да ја процениме состојбата на овој тренд на опаѓање. Значи, ги повторувам мерките што продолжуваат да остануваат во сила, се оние за ограничување на движењето на граѓаните, почнувајќи од 20:00 до 06:00 часот. Наставата на унверзитетите продолжува онлајан, како и во средните училишта во општините кои се сметаат за жаришта на болеста, изјави Ракацоли.
Таа упати посебн апел до младата популација за почитување на анти-ковид мерките зашто „младинската заедница е сериозно погодена“ и оти „во одделенијата за интензивна нега хоспитализирани се многу млади лица“.
Претходно дректорката на Институтот за јавно здравје изјави дека 79 отсто од новозаразените во последните две недели се лица од 24 до 54-годишна возраст.
Додаде дека со потврда или без неа, од лабораторијата во Лондон, каде се испратени примероци за анализа, повеќе нема сомневања дека има присуство на новите мутации, од британскиот и африканскиот сој.