На предвремените парламентарни избори во Бугарија, на петте избирачки места на територијата на Северна Македонија до 15:30 часот по локално време (16:30 часот по бугарско време) гласале 350 бугарски граѓани, според податоци на избирачките комисии, јавува БТА.
Во Амбасадата на Бугарија во Скопје гласале 147 избирачи, во Генералниот конзулат во Битола – 80, во Охрид – 43, во Струмица – 40, а во Прилеп – 30 граѓани.
Изборниот ден, кој трае до 20:00 часот (21:00 часот по бугарско време), поминува мирно.























