Поп – ѕвездата Лејди Гага деновиве беше фотографирана низ улиците во Рим во непрепознатливо издание. Покрај тоа што ја променила бојата на косата и сега е бринета, нејзините бројни обожаватели ги изненади и нејзиниот моден избор.

Лејди Гага прошета по улиците на италијанската престолнина во фустан со леопард – принт и елегантни високи црни потпетици.

Profimedia

На последното јавно појавување на инаугурацијата на Џо Бајден, таа беше платинесто русокоса, а сега Лејди Гага со темно кафена коса потсетува на Али, главната хероина на филмот „ A Star is Born“, во кој го покажа својот исклучителен актерски талент. Пред само неколку месеци, таа имаше розова боја на коса.

Profimedia
Profimedia

Инаку позната по своите екстравагантни модни комбинации, Гага овој пат носеше елегантен широк фустан со леопард – принт, црни потпетици и големи очила за сонце во прекрасниот Рим, а мал број од минувачите можеа да ја препознаат поради драстичната промена на нејзиниот изглед.

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Гага ќе престојува одреден период во Рим поради потребите за снимањето на филмот „ Gucci“. Таа ќе ја игра улогата на Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „ Gucci“. Патриција попозната под прекарот „црната вдовица“ поминала 18 години во затвор затоа што го ангажирала професионален убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 година.

Режисер на филмот е Ридли Скот, а во него ќе играат и Роберт Де Ниро, Џаред Лето, Ал Пачино и Адам Драјвер.