ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, наместо да го анализираат изборниот резултат од околу 130 илјади гласа, се занимаваат со изборни случувања во други држави.
Според партијата, Социјалдемократите се однесуваат како да не се дел од политичкиот живот во Македонија, критикувајќи влади и функционери во странство и следејќи избори надвор од земјата, додека домашните избори ги игнорираат.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо внатрепартиска анализа за резултатот, раководството на СДСМ се радува на победата на партијата Тиса во Унгарија, која е дел од Европската народна партија, каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се наведува дека сестринската партија на СДСМ, која е дел од Партијата на европските социјалисти, освоила 1,18% од гласовите, што, според ВМРО-ДПМНЕ, е слично со рејтингот во Македонија.
Партијата оценува дека СДСМ, заедно со Зоран Заев, ја довеле партијата во состојба на пад и дека наместо дистанцирање, продолжуваат по истата политика.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека ќе остане посветена на билатералната соработка со Унгарија и му ја честита изборната победа на партијата Тиса и на Петер Маѓар.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ликуваат за избори во странство наместо да го анализираат сопствениот пораз е превземен од МАКФАКС.























