Instagram

Утро без шолја кафе за многумина е незамисливо. Исто така, ако не земете дневна доза кофеин, вашето тело испраќа сигнали дека кафето ви е потребно за да може да функционира нормално. Сепак, по еден месец без кафе, последиците се повеќе од позитивни, па многу луѓе се обидуваат да го исфрлаат овој пијалок од нивното секојдневие.

Првата недела

Првиот ден се смета за најтежок. Концентрацијата е катастрофална и е придружена со поспаност. Пожелно е да пиете црн чај или цикорија како замена за првата недела.

Втора недела

Огромна желба за кафе се појавува и на почетокот на втората недела. Експертите велат дека многумина се откажуваат од одвикнување од кафе во овој период. Не користите ништо како замена. Издржете!

Трета недела

По петнаесетиот ден ќе забележите дека полесно заспивате, а како изминуваат деновите несоницата ќе стане ваше минато.

Четврта недела

Полесно ќе се пробудите за на работа. Ќе имате повеќе енергија и нема да ви е потребно кафе за да го започнете денот.

Точно по еден месец,  ќе спиете подобро, се чувствувате порелаксирано дури и кога спиете само шест часа. Ќе забележите вишок енергија и повеќе немате потреба од утринска доза кофеин. Се чувствувате посмирено. Поради подобар сон, се чувствувате поубаво, посвежо, но исто така ќе започнат да се намалуваат брчките околу очите.

 

The post Што ќе се случи со вашето тело доколку не пиете кафе 4 недели: Повеќе енергија, помалку брчки и уште многу бенефити appeared first on Слободен печат.


Што ќе се случи со вашето тело доколку не пиете кафе 4 недели: Повеќе енергија, помалку брчки и уште многу бенефити was first posted on февруари 25, 2021 at 8:00 am.