Во виничкото село Блатец вчера попладне бил уапсен жител на селото со 3,18 промили алкохол во крвта.
„Полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(44) од с.Блатец затоа што претходно агресивно се однесувал и попречувал полициски службеник при извршување службени дејствија. При преземање мерки, извршен е алкотест и констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,18 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот полицијата најави соодветна пријава.
Текстот Уапсен жител на виничко Блатец со 3,18 промили алкохол во крвта, спречувал полицаец во вршење должност е превземен од МАКФАКС.























