Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 00 часот и 22 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.1.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, лабораторијата повика оние кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот достапен на нивната веб-страница или да се јават на 112.























