Актерката Никол Кидман (58) се појави на премиерата на филмот „Margot’s Got Money Troubles“ во совршена проѕирна креација, па така и таа се придружи на редот на познати убавици кои го прифатија овој тренд.
„Голите“ фустани станаа речиси заштитен знак на секој црвен тепих, нема настан каде барем една актерка не се појавува во слична креација, а овој пат Никол беше задолжена за магијата.
За гореспоменатата премиера, таа избра провокативен фустан од колекцијата есен 2026, пишува Vogue.
Горниот дел од фустанот беше исполнет со бели апликации кои личат на рибји крлушки, а ракавите и страните на фустанот беа целосно проѕирни. Ова создаде мала оптичка илузија, па изгледаше уште попривлечно.
Благодарение на таквиот дизајн, таа го истакна струкот и ја издолжи својата фигура, а целиот аутфит го комплетираше со црни сандали со ремчиња.
Косата овој пат не ѝ беше спуштена, Никол се одлучи за малку полежерна пунџа, а лицето го врами со шишки и самоуверено позираше за собраните фотографи.
Текстот (Фото/Видео) Разводот ја подмлади: Во најубавата проѕирна креација, им покажа на сите дека повеќе не страда е превземен од МАКФАКС.























