Претседателот Доналд Трамп преку социјалните мрежи соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе започнат блиска соработка со Иран, за кој оцени дека поминал низ „многу продуктивна режимска промена“.
Според неговите наводи, во земјата повеќе нема да има збогатување ураниум. Трамп истакна дека САД, во соработка со иранските власти, ќе го отстранат сиот длабоко закопан нуклеарен „прав“. Тој додаде дека локациите биле под прецизен сателитски надзор на Вселенските сили и дека ништо не е допрено од датумот на нападот.
Во објавата се наведува дека во тек се преговори за олеснување на тарифите и санкциите кон Иран. Претседателот Трамп информираше дека веќе е постигната согласност за голем дел од предвидените 15 точки од договорот.
Текстот Постигнат договор за дел од 15-те точки: Трамп објави нови детали за односите со Иран е превземен од МАКФАКС.























