Белата куќа ја објави првата фотографија направена од далечната страна на Месечината.
Неверојатната слика на НАСА, направена од вселенското летало Орион, е направена додека Земјата исчезнувала под лунарниот хоризонт, се вели во неа.
За потсетување, четири астронаути од „Артемис II“ вчера испишаа историја со завршувањето на најоддалеченото човечко патување од Земјата.
За време на вчерашниот прелет на Месечината, екипажот имаше можност да види делови од нејзината далечна страна што луѓето никогаш порано не ги виделе, а настанот вклучуваше и затемнување на сонцето.
Белата куќа ја објави оваа фотографија од затемнувањето, нагласувајќи дека тоа е глетка што „малкумина во историјата на човештвото имале можност да ја видат“.
EARTHSET.
April 6, 2026.Humanity, from the other side. First photo from the far side of the Moon. Captured from Orion as Earth dips beyond the lunar horizon. Photo: NASA pic.twitter.com/ZEBTQA85TY
— The White House (@WhiteHouse) April 7, 2026























