Публицистот и колумнист Владимир Перев беше гостин во „Доверливо со Насер Селмани“. Перев и авторот и водител на емисијата новинарот Насер Селмани разговараа на повеќе теми, со фокус на европската интеграција на Северна Македонија и политиката на власта во однос на тоа прашање.

Перев сподели свои видувања во врска со прашањето за внесување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија и подвлече дека тоа е важно за нивната легитимација во државата. Тој го повика Мицкоски да ги стави на гласање уставните измени, за да се види во парламент, кој каква позиција ќе заземе, со цел никој да не се крие позади граѓаните на Северна Македонија.

Перев исто така сподели свои лични искуства како член на семејство, што ги зачувало своите бугарски традиции и одредени навреди кои биле упатувани кон него, само затоа што се изјаснувал како Бугарин.

Во разговорот не беше подмината темата за физичниот напад врз публицистот, што се случи во ноември минатата година. Во однос на тоа Перев истакна дека на премиерот Мицкоски, не му доликува како носител на таква функција, да се изразува на таков начин кон еден граѓанин на Северна Македонија, алудирајќи на тоа дека немало да го коментира настанот, бидејќи Перев „самиот се повредил“.

Проследете го целиот разговор на Насер Селмани со Владимир Перев во видеото што следи: