Царинските службеници, во заедничка акција со полицијата, спречија обид за шверц на седум млади змии и еден егзотичен гуштер, сокриени во автомобил управуван од косовски државјанин.
Со цел нелегално да ги внесе во земјава, патникот го искористил просторот под седиштата во возилото, каде што ги скрил влекачите спакувани во кутии и обвиткани со марами.
Меѓу запленетите животни, главно станува збор за строго заштитени видови:
2 питони од видот Ca pet Spilota
1 питон од видот Sho t-tailed
1 питон од видот B edli Ca pet
1 змија од видот Reticulated Supe Dwa f
1 змија од видот Chi ese Ri g Rat
1 отровна змија од видот Ba o ’s Race (Ba o ’s S ake)
1 гуштер
Сите запленети влекачи се предадени на надлежните институции за соодветна грижа, додека Царинската управа веднаш поведе постапка против сторителот.
Напомена од Царинската управа: Трговијата и транспортот на заштитени видови животни се строго регулирани со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна. Секој обид за нивен внес без соодветни дозволи се третира како кривично дело и недозволена трговија.













