Израелската армија ги предупреди иранските граѓани да не користат возови, наведувајќи дека така „ги загрозуваат сопствените животи“.

Каналот на персиски јазик на израелската армија на мрежата X издаде, како што велат, „итно предупредување до корисниците и патниците во возовите во Иран“.

„Драги граѓани, за ваша безбедност, ве молиме од сега до 21:00 часот по иранско време, да избегнуваме користење возови и патување со нив низ целиот Иран. Вашето присуство во возовите и во близина на железничките пруги го загрозува вашиот живот“, соопшти армијата.

Вчера, министерот за одбрана Израел Кац рече дека на израелската војска ѝ е наредено „да продолжи да ја напаѓа националната инфраструктура на иранскиот терористички режим со полна сила“.

 

фото/Depositphotos

Текстот Израелската армија со порака: Драги ирански граѓани, ве молиме не користете возови до 21:00 часот е превземен од МАКФАКС.