Аларманта е состојбата во земјоделието, земјоделците се оставени сами, на раб на егзистенција.
Сточарите се соочуваат со ниски откупни цени на млекото, неисплатени или половично исплатени субвенции, додека трошоците постојано растат, велат од СДСМ.
„Владата на Мицкоски скрати 40 милиони евра од субвенциите со што директно удри врз земјоделците.
Истовремено, драстично ги намалија субвенциите: за тутунот од 100 на 80 денари по килограм, за кравите од 12.000 на 8.000 денари по грло, за пченицата од 18.000 на 13.000 денари по хектар .
Воведени се нови рестриктивни услови – земјоделците мора да продадат најмалку 30% од производството кај регистрирани откупувачи, во спротивно не добиваат ниту денар субвенција“.
Овој услов, како што додаваат, важи за лозарите, овоштарите и поледелците.
„Со зголемување на прагот од 3 на 5 декари, над 80% од малите земјоделци се практично исфрлени од системот за поддршка.
Дополнително, укината е авансната исплата на субвенции, со која земјоделците добиваа 30% од средствата однапред, кога им беа најпотребни.
Пред избори ги лажеа земјоделците дека ќе обезбедат поголеми субвенции а им ги намалија“.
Според опозициската партија, кризата и поскапувањето на нафтата предизвикаа нови проблеми, сериозен удар врз земјоделите и врз земјоделското производство.
А владата на Мицкоски, истакнуваат од таму, се уште нема ниту една таргетирана мерка за поддршка на земјоделците.
„Ова е вистинското, лажно лице на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски“.























