Постои растечка реакција на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за војната со Иран, а политичарите во САД остануваат длабоко поделени, објавува Би-би-си.
Заканите на Трамп да „го врати Иран во камено доба, каде што припаѓа“ предизвикаа остри критики од некои демократи. „Тој зборува за земја од 90 милиони луѓе. Одвратно, застрашувачко, злобно“, рече претставничката Јасамин Ансари од Аризона.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, ја поддржа пораката на претседателот со кратка објава на социјалната мрежа Икс: „Назад во камено доба“.
Back to the Stone Age.
— Pete Hegseth (@PeteHegseth) April 2, 2026
Демократите остро критикуваат, републиканците поддржуваат
Сенатор Крис Ван Холен од Мериленд, исто така, го критикуваше говорот на Трамп.
„Трамп, како и секогаш, нè лаже. Пред повеќе од две недели рече „победивме“. Ако е така, зошто сме сè уште таму? Што е следно? Единственото нешто на што можеме да сметаме се повеќе лаги. Овој заблуден човек е опасност за нашата земја и светот“, рече тој.
Од друга страна, републиканците застанаа зад претседателот.
„Вечерва, претседателот Трамп изнесе исклучително убедливи аргументи за операцијата „Епски гнев“. Долгата историја на тероризам и убивање Американци од страна на иранскиот режим покажува зошто беше неопходно да се спречат да се здобијат со нуклеарно оружје“, рече лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, Стив Скализ.
Текстот Трамп: Го враќаме Иран во камено доба, каде што му е местото; Демократите: Злобно, одвратно е превземен од МАКФАКС.























