Утре облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Под влијание на циклонска активност, денес и утре ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (денес над 20, а утре над 30 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе бидат од снег.
Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд.
Во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h.
Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.
Текстот Утре облачно со пообилни врнежи од дожд, на повисоките места дожд и снег е превземен од МАКФАКС.























