Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Бугарија и поранешен претседател на БФС, Борислав Михајлов, почина на 63-годишна возраст, соопшти неговото семејство, пренесува БТА.
Тој имаше сериозни здравствени проблеми по претрпен мозочен удар и од крајот на ноември беше хоспитализиран. Во последните недели неговата состојба беше критична, се наоѓаше во кома и не успеа да се опорави и покрај напорите на лекарите.
Борислав Михајлов е легендарен бугарски голман и беше капитен на бугарската фудбалска репрезентација за време на Светското фудбалско првенство во САД 1994 г. кога Бугарија го достигна својот највисок пласман, завршувајќи на 4-то место, веднаш по Бразил, Италија и Шведска.























