Илон Маск повеќе не е најбогат човек на светот по неодамнешниот пад на цената на акциите на компанијата „Тесла“ која е главен извор на неговата империја.
Акциите на „Тесла“ паднаа за 20 отсто во однос на пикот што го достигнаа во јануари кога чинеа 880 долари. Изразената загуба е забележана оваа недела по инвестицијата на компанијата од 1,5 милијарди долари во Биткоин, наведува „Би-Би-Си“.
Падот на Маск, кој загуби 15 милијарди долари, го врати Џеф Безос на листата на најбогати луѓе во светот.
Падот на цената на акциите на „Тесла“ следуваше по изненадувачкиот раст во текот на миатата година и „скокот“ од 90 на повеќе од 700 долари.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.