ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Х.Н. (24) и С.А. (23), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 17 април 2025 година, полициски службеници го затекнале првопријавениот како пред својот дом му продава марихуана на второпријавениот. По ова, извршени биле прегледи кај лицата и претреси во нивните домови, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Надлежните органи продолжуваат со постапка за утврдување на сите околности во врска со случајот.

Текстот Полицијата во Кочани одзеде марихуана од две лица е превземен од МАКФАКС.