Полицијата уапси двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва.

Според информациите на МВР, вчера во с.Житоше, општина Долнени, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода В.С.(57) од с.Житоше затоа што на место викано ,,Надводеница“ во с.Житоше бил затекнат со приколка натоварена со нежигосани огревни дрва.

Истиот ден и во село Белушино, крушевско, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода С.Б.(69) од с.Белушино затоа што при преглед на трактор со крушевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени нежигосани дрва и моторна пила.

По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.