Четиринаесетгодишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата 10 во село Арачиново

Во малолетникот удрило патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, и двајцата од Арачиново, соопшти МВР.

Повредите кај 14-годишникот биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Текстот 13-годишник возел автомобил и тешко повредил дете во Арачиново е превземен од МАКФАКС.