Мировната мисија на Обединетите нации во јужен Либан, позната како УНИФИЛ, соопшти дека зграда во нивното седиште во крајбрежниот град Накура била погодена од проектил.
ОН наведува дека верува оти проектилот бил испукан од недржавен актер, што укажува на либанското милитантно движење Хезболах.
Откако Израел започна обновена копнена операција во јужен Либан, се водат судири меѓу Хезболах и израелските сили на повеќе места долж границата.
Во соопштението на УНИФИЛ се наведува: „Во последните 48 часа, мировниците забележаа интензивен оган и експлозии“ во областа околу Накура.
Се додава дека „куршуми, фрагменти и шрапнели погодиле згради и отворени површини во рамките на нашето седиште“.
„Поради тоа, мировниците беа принудени да останат во засолништа за да избегнат повреди“, се вели во соопштението.
Портпаролката на УНИФИЛ, Кендис Ардиел, изјави дека мировниците исто така биле сведоци или слушнале копнени борби околу селата Киам, Одаисе, Мајс ал-Џабал, Маркаба и Тајбе.
Фото: Depositphotos
Текстот ОН: Нашата зграда во Либан погодена од проектил е превземен од МАКФАКС.























