Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „ранет, изолиран и не реагира на пораките што му се пренесуваат“, изјавија американски и израелски безбедносни претставници за „Вашингтон пост“.

Според израелски претставници, Корпусот на Исламската револуционерна гарда и некои свештеници ја зајакнале својата контрола врз Иран.

Порталот „Аксиос“ објави во саботата дека американската Централна разузнавачка агенција, израелскиот Мосад и други разузнавачки тела работат на пронаоѓање траги од Хамнеи бидејќи тој останал „невидлив“ откако беше прогласен за нов врховен лидер по атентатот врз неговиот татко Али Хамнеи на 28 февруари, пренесува Танјуг.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, на 13 март тврдеше дека Моџтаба Хамнеи е „ранет и можеби обезличен“.

Моџтаба Хамнеи беше назначен за нов врховен лидер на Иран на 8 март и оттогаш не се појави во јавноста, а дури на 12 март, четири дена по неговото назначување, испрати писмена порака преку државните медиуми во Иран, најавувајќи го продолжувањето на блокадата на Ормускиот теснец.

Текстот „Вашингтон пост“: Моџтаба Хамнеи е ранет, изолиран и не одговара на пораките е превземен од МАКФАКС.