Командантот на Воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека Иран ќе лансира повеќе ракети кон Израел во текот на ноќта.

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа X. Тој додаде дека „новите тактики и системи за лансирање“ ќе ги зачудат САД и Израел.

Во меѓувреме, израелски воен командант изјави дека ги одобрил новите планови „за продолжување на борбата“ со Иран. Началникот на Генералштабот, генерал Ејал Замир, рече: „Се наоѓаме на половина од патот, но насоката е јасна.“

Изјавата доаѓа откако Израел предупреди дека ракетите користени за напад врз американско-британската база Диего Гарсија ноќта претходно можат да стигнат и до европските престолнини.

Генерал Замир кажа дека „обемните“ напади што Израел ги изведе заедно со САД го ослабиле Иран, додавајќи: „Нема повеќе ограничување! Само иницијатива! И напад!“

Текстот Иран најави ноќна ракетна офанзива, Израел ги активира новите воени планови е превземен од МАКФАКС.