Општинска Организација СДСМ Кисела Вода информира дека „во општина Кисела Вода, во Урбаната заедница Кисела Вода, во моментов се врши сеча на повеќегодишни дрвја на улица Козјак, со цел ослободување простор за изградба на нов објект“.

„Во таа насока, јавно го поставуваме прашањето: дали за оваа интервенција постои валидно решение издадено од надлежните органи на општината, согласно Законот за урбано зеленило?
Особено загрижува фактот што лицата кои ја вршат сечата, на прашање дали поседуваат дозвола, изјавуваат дека се „само извршители“ по наредба на нивна претпоставена.
Оттука, бараме одговори на следните прашања:
Кое е одговорното лице што ја издало оваа наредба?
Дали постои правен акт со кој се одобрува сечата на овие дрвја?
Кој ја презел одговорноста за отстранување на здрави, повеќегодишни дрвја?
Дали е изготвен соодветен записник и план за компензација, односно обнова на зеленилото, како што налага Законот за урбано зеленило?

Ги повикуваме надлежните институции и општинските власти итно да излезат со јасни и транспарентни информации во врска со овој случај. Граѓаните имаат право на чиста животна средина, зачувано зеленило и отчетност од институциите. Апелираме овој случај да не остане без соодветна реакција и одговорност“, се наведува во соопштението на СДСМ Кисела Вода.
Текстот СДСМ Кисела Вода: Се сечат повеќегодишни дрвја на улица Козјак, со цел ослободување простор за изградба на нов објект е превземен од МАКФАКС.























