Мировните разговори меѓу САД, Русија и Украина се на пауза поради војната со Иран, објави весникот „Известија“, повикувајќи се на руски претставници.
Весникот наведува дека Кремљ ја потврдил паузата и дека војната со Иран би можела да го поттикне Киев кон компромис.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседателски претставник Кирил Дмитриев ќе продолжи да работи на инвестициите и економската соработка, но дека трилатералните разговори се паузирани.
„Кирил Дмитриев продолжува со својата работа. Трилатералната група е на пауза“, го цитираше Песков весникот „Известија“.
Текстот Русите потврдија: Мировните преговори со Украина се паузирани поради војната со Иран е превземен од МАКФАКС.























