Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели видео на социјалните мрежи од пролетната генералка низ градот.
„Да живееме во чист град, без изговори и без навики од минатото што не водат никаде. Сите заедно!
Се работи насекаде – во сите општини, улици, паркови, маала и јавни површини. Се чисти темелно и системски затоа што градот убав заслужува еднаков ред и грижа на секој чекор.
Грижа, за доброто на секој еден жител! За нашето Скопје, да изгледа како што сакаме да живееме во него!“, порача Ѓорѓиевски.























