Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на месната заедница во населбата Пинтија. Проектот веќе влегува во својата завршна фаза, а објектот кој подолг период беше во лоша состојба, наскоро ќе го добие својот нов, современ лик.
-Месната заедница е првата и најважна алка помеѓу граѓаните и локалната самоуправа. За жителите на Пинтија, оваа реконструкција значи обезбедување на достоинствени услови за работа и меѓусебна комуникација. Наскоро тие ќе имаат на располагање репрезентативен простор од каде ќе можат директно да ги изразат своите потреби, да покренуваат локални иницијативи и активно да се вклучат во одлуките за својата населба. Оваа капитална инвестиција е обезбедена преку Владината програма за општините, финансирана од унгарскиот кредит. Со нејзината финализација, уште еднаш ја потврдуваме нашата основна заложба – Општина Кисела Вода да се развива подеднакво во секој нејзин дел. Остануваме доследни на дадениот збор, па преку континуирани и добро планирани проекти, продолжуваме одговорно да создаваме реални промени кои гарантираат повисок квалитет на живот за сите наши жители-изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
Текстот Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на увид: Реконструкцијата на месната заедница во Пинтија во завршна фаза е превземен од МАКФАКС.























