Полицијата уапси крадец во Струмица, затекнат при извршување кражба во католичката црква Успение на Пресвета Богородица.
На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица.
Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари.
Крадецот со употреба на сила влегол во црквата, а откако било пријавено полициските службеници го затекнале на местото и го уапсиле.
Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за социјални работи Струмица, кој го предал детето на неговата баба. С.Х. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Фатен крадец на дело во Струмица, затекнат при извршување кражба во црква е превземен од МАКФАКС.























