ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 04.11.2025, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари. Имено, лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете.

Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува нејзиниот внук да не оди во затвор, по што таа ги оставила парите на договореното место.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, М.А. е лишен од слобода, а од надлежен судија му е одреден притвор.

Текстот Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец, одреден му е притвор е превземен од МАКФАКС.