Два одделни случаи на закани во семејството се пријавени во Скопје и Свети Николе.

На 15 март во 14:30 часот, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 79-годишен татко, дека му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во друг случај, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против З.А.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Според пријавата, во семејниот дом пријавениот упатувал закани кон неговата сестра и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од нивната мајка.

Текстот Две пријави поради семејни закани: Син се заканувал на татко во Скопје, брат на сестра во Свети Николе е превземен од МАКФАКС.